Активности
Login |Register
7 окт. 2016
2 септ. 2016
Размените помеѓу збратимените општини продолжија и ова лето. Се реализираа две активности во Нормандија и Македонија. Општините имаа можност да разговараат за активностите кои следуваат.
21 мај 2016
Од 20 мај 2016 година, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар свечено ја отвори изложбата посветена на културното наследство на регионот и неговите природни богатства. Во рамките на изложбата беа изложени и приватните збирки на граѓаните од регионот.
29 апр. 2016
На 28 и 29 април 2016 година, младите актери од Дебар и Иф ја одиграа претставата „Шепотењето на Антигона“ во Иф и Флери-сур-Орн, во рамките на Единаесетото издание на фестивалот Балканска пролет организиран од организацијата Балкан-Транзит во Нормандија, Франција. Ова е трета средба на младите од градовите Иф, Флери-сур-Орн и Дебар кои започнаа со соработката во август 2015 година.
26 апр. 2016
На 26 април 2016 година, во општина Охрид се одржа промоција на стратегијата за заштита на културното наследство на старото градско јадро во Охрид. Претседателката на советот на општина Охрид ја претстави стратегијата пред бројни заинтересирани чинители. Стратегијата е резултат на двегодишната заедничка соработка и размена на искуства на темата за заштита на културно наследство со градот Каен, Нормандија. Претставници од градот Каен присуствуваа на промоцијата на стратегијата.